Маричиќ: Како прогресивни и принципиелни политичари, оставаме во наследство подобра држава од онаа која ја затекнавме

Поранешниот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ со статус на Фејсбук ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ, но и на граѓаните и на институциите за демократските и мирните избори. 

Новата власт има доволно гласови и поддршка од граѓаните за да ги решава сите напластени проблеми, но и да ги продолжи европските реформи и да не застрани од патеката на европската интеграција и регионалната соработка, нешто што во повеќе наврати беше јавно промовирано и ветувано од нивна страна. 

Според него, тие, како социјалдемократи, како прогресивни и принципиелни политичари, оставаат во наследство подобра држава од онаа која ја затекнале, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните. 

Додаде дека како опозиција ќе бидат постојано тука за потребите на развојот, да иницираат, но и поддржат тоа што им треба на граѓаните, да дадат поддршка за  европските реформи, но и да критикуваат и да се борат за демократија, слобода и социјална правда доколку новата власт се дрзне да се репризира себеси како во годините пред 2017.