ДИК: ВМРО-ДПМНЕ со огромна предност пред СДСМ, Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски

Повеќе од двојно водство на кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ, пред кандидатот на СДСМ евидентираат официјалните резултати на ДИК, на обработени 1.810 избирачки места. 

Гордана Силјановска Давкова има освоено 235.552 гласови (63,42%), а Пендаровски 111.703 гласови (30,07%).

Според аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова e со предност од над 100.000 гласови. 

Додека кај Парламентарните избори од досега обработени 54,36%, Коалицијата „Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ освои 188.616 гласови, Коалицијата за Европска иднина - СДСМ освои 63.641, Коалицијата Европски фронт освоие 84.156, а Коалицијата ВЛЕН 69.445 гласови. Резилтатите од останатите партии можете да ги видите на сликата подоле: