Советот на Град Скопје со 34 гласа „за“ и еден воздржан денеска изгласаа финансиска помош за најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.
За тоа со колку пари ќе му се помогне на скопскиот гигант ќе решава градоначалничката Данела Арсовска и соодветниот градски сектор.
Иницијативата за помош на Вардар ја поднесе докторот Никола Пановски, но ја подржаа речиси сите советници и со 34 гласа ја изгласаа иницијативата.