Горазд Михајлов нов тренер на Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михајлов од денеска е нов шеф на стручниот штаб на тимот.

Во соопштението тие му посакаа среќа и успешна соработка на Михајлов со најтрофејниот клуб во Македонија. Инаку Михајлов доаѓа како нследник на Александар Васовски кој замина како нов тренер на ФК Силекс, клуб каде претходно беше кормилар сегашнио тренер на Вардар со што фактички е направена рокада помеѓу тренерите.

Михајлов во Вардар доаѓа во многу деликатен момент и ќе има за задача да обезбеди опстанок со Вардар во Првата македонска лига каде моментно екипата е на последното 12 место.