„Вардар не е на продажба“, велат Комити за непристојната бугарска понуда

Бугарската фондација „Македонија“ вчера испрати понуда за купување на најтрофејниот македонски тим Вардар, но истата беше експресно одбиена.

Навивачката група „Комити“ открија дека Бугарите сакале да ја искористат финансиската криза во Вардар за да купат 51 отсто од акциите во тимот.

Бугарите понудиле 300.000 евра за да се почне сезоната во Првата лига, како и дополнителни 500.000 евра по потпишување на договорот меѓу двете страни.

- До клубот стигна понуда од бугарската фондација „Македонија“, која сака да го купи нашиот Вардар, а притоа да го смени идеолошкиот наратив ,врз кој 76 години, континуирано се развивал клубот. Нашиот став е дека воопшто не постои простор за дискусија со луѓе кои не го признаваат македонскиот идентитет, велат „Комити“.