Совети за возење автомобил низ магла

- Фокусирајте се само на возењето - исклучете ја музиката и не разговарајте со сопатниците во возилото.

- Осигурајте се дали сите фарови ви функционираат - во магла се користат кратките светла или евентуално средни светла, или посебни фарови за магла ако ги имате, или двете истовремено.

- Доколку возите по локален пат надвор од автопатот, а маглата е густа и постои опасност да наидете на пешаци или животни, можете да ги вклучите сите четири жмигавци за да бидете по видливи за останатите.

- Возете побавно - подобро е да пристигнете подоцна отколку да пристигнете воопшто. Статистичките податоци покажуваат дека несоодветната брзина е главната причина за сообраќајни несреќи кога има магла.

- Кога возите а има возило пред вас, мора да забавите бидејќи нема да можете да оцените дали стои или се движи поради намалената видливост. Судирите во синџир се случуваат поради доцнењето на друг автомобил.

- Зголемете го растојанието помеѓу возилото пред вас на возилото барем два до три пати да е поголемо од она што е потребен во редовни услови.

- Претекнувањето не се препорачува затоа што возилото што патува од спротивна насока е тешко видливо и немозможно е точно да му се процени брзината, што претставува проблем за вас но и за тој кој е во автомобилот што се движи кон вас кога претекнувате. Нека не ве нервира тој што вози пред вас а вози бавно, магла е и секој е загрижен за последиците од возењето.

- Кога возите по магла воздухот е екстремно влажен а теренот лизгав, имајте го ова секогаш на ум, особено при возење во кривини и на мостови.

- Ако сте решиле да застанете и да почекате маглата да се дигне и изсчезне, обавезно запелете ги сите четири жмигавци.