“Македонија 2025" : Забрзан економски раст преку дигитализација, конкурентност, користење на потенцијалот на дијаспората

Забрзан економски раст преку дигитализација, конкурентност, користење на потенцијалот на дијаспората, ова беше кажано на денешната прес - конференција на организацијата “Македонија 2025″, на  која беше презентирана платформата за постигнување забрзан економски раст, документ кој организацијата ќе им го претстави на релевантни чинители во општеството во пресрет на претстојните избори.

Ѓорѓе Војновиќ, член на Одборот на директори, говореше за основите на визијата за забрзан економски раст. Тој рече дека визијата за просперитет вклучува нулта толеранција кон корупција преку транспарентност и систем на вредности и лична одговорност, ефикасна јавна администрација, континуиран раст на БДП над пет отсто годишно, нови инвестиции во образованието што е многу битно, реформи за побрз раст на бизнисите, поддршка на извозот, сведување до минимум на сивата економија.

Заменик претседателот на Одборот на директори на организацијата, Васко Кроневски го претстави делот на мерки поврзани со дигитализацијата.

“Предлагаме дека треба секоја година, најмалку десет услуги кон граѓаните, да бидат дигитализирани во сите области, појасни Кроневски, осврнувајќи се и на тоа дека е потребна поддршка за компаниите и ефикасен сервис за нив од страна на државата и подобрување на услугите на локално ниво“ рече Кроневски

 Тој сподели дека анализите покажуваат оти само третина од македонските компании имаат дигитална спремност. Тој проговори и за тоа дека сите мерки поврзани со дигитализацијата нема да можат да се случат ако немаме здрава домашна ИКТ индустрија, рече таа е на високо ниво, но за жал огромен процент од неа работи за други економии во светот.

Членот на одборот, Живко Мукаетов говореше околу зголемувањето на конкуренцијата. Според него извозот е многу важен и треба сите успешни приказни да се раскажат. Тој рече дека се потребни инвестиции во истражување, развој, нови технологии, еколошки стандарди, препознатливост, да се успее да се создаде додадена вредност.

“ Македонската економија веќе подолг период е во сенка, за жал, на политичките збиднувања. А за подобар стандард, посветла иднина, сите треба да пружиме стабилност, да си го цениме тоа што го имаме тука, да се посвети повеќе внимание на домашното производство, на сопственото знаење  и што е многу важно, да се верува во себе“ посочи Мукаетов.

 Боријан Борозанов, најновиот член на Одборот, ги претстави односите со дијаспората.

 “ Сите ќе се согласиме дека градење на релациите со нашите иселеници е државен интерес, нагласи тој, информирајќи дека се предлагаат мерки што треба да ги засилат тие релации со олеснување на административни процедури треба да се овозможат инвестиции во државата од која се потекнува и развој на туризмот рече Борозанов.

 Преку видео обраќање, се обрати коосновачот на ,,Македонија 2025″,  Мајк Зафировски. – Мора сите заеднички да работиме за иднината, порача тој, подвлекувајќи дека ќе се лобира за земјава.

Следуваат состаноци со политичките партии, академската заедница, бизнис асоцијациите, за да има сплотување, како што беше кажано на прес конференцијата, околу оваа визија