Скопје беше како Лондон...Шилегов со коментар за новогодишното украсување на Арсовска

По повод новогодишното украсување на Скопје кое го најави градоначалничката Данела Арсовска, се огласи и ексградоначалникот Петре Шилегов. 

Тој во објава на својот фејсбук профил направи споредба со украсувањето во 2019 година, кога тој беше на власт. 

- Ретко ги коментирам состојбите во Скопје, иако многу често и тоа како имам што да кажам. Но, после повеќе од 1.000 примени пораки, едноставно, морам да прокоментирам. На фотографијава е Скопје 2019/20. Споредено со Лондон. Темнината што сега не опкружува, на свој начин, сепак е наш, личен избор, гласи коментарот на Шилегов. 

П.С. За прославите и Винтерленд во некоја друга прилика, додаде во објавата тој.