Скопјанка родила мртво новороденче во својот дом

 Настанот се случил во текот на вчерашниот ден во 11 часот и 30 минути кога 41-годишната С.П. од Скопје која била во осмиот месец од бременоста, почнала да крвари откако и се слошило. 

Полицијата информира дека истата сама се породила дома, а новороденчето било мртво.

Скопјанката била пренесена во Клинички центар на Клиниката за гинекологија, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатото бебе ќе биде дадено на обдукција.