Скопјанка нападната од нејзиниот брат со остар предмет

60-годишна жена вчера пријавила дека била нападната од нејзиниот брат.

-На 15.06.2023 во 20.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 60-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15.40 часот во дворот од семејната куќа во скопско, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот брат З.П.(55) од Скопје, кој употребил и остар предмет, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.