Скопјани Vs. Провинција: Кои се најчестите коментари?

Многумина ме прашуваат од каде сум и навистина не знам како да се декларирам. Роден сум во еден прилично голем македонски град на југот, израсната во друго, помало гратче сосем на спротивната источна страна, а годините собрани од двете различни места ја даваат бројката како живеам во Скопје. И мачно ми паѓа кога ме прашуваат дали сум скопјанец или ваков или онаков.

Ова како да нè боли најмногу. Преплашени се сите од „провинцијалците“ кои ги дочекуваат на нож уште пред да стапнат во главниот град, и „сите доаѓаат да ни ги крадат дечковците, живеалиштата, работните места“.

Можеби аналогијата ќе ми е смешна (секако дека е), но сфатете го Скопје во моментов како Њујорк за Америка (без нималку суета, чисто симболички).

Во овој текст сакам да ви ги доловам најчестите коментари и забелешки насочени од скопјани кон провинцијалците, а секако и обратно. Па, да почнеме.

Луѓето од Скопје најчесто коментираат дека Скопје е убав град и дека провинцијалците ја валкаат метрополата, ги крадат работните места и уште многу други работи.

„Владееме. Најубави сме. Најпаметни сме.
Сон ви е да доете во Скопје и за прв пат во својот живот да видите домофон. Да видите трговски центар. Се подмочуете у гаќи коа јадете у McDonalds. Женките голтаа сперма за да се испоштуваат барем еден викенд во Скопје, да бидат видени во B2 на Жаре Бербер. Да се трескаат од земја на Браво Бенд. Скопје е поим, вие сте доле во кал до колена.„.
Ваков е коментарот на Кристина, 28 години од Скопје.

На оваа тема коментира и Александар П на 33 години од Скопје:

Вие од другите градови, кога гледате дека Скопје е катастрофа, мириса на чад, загадено, гужви, скопјаништава тешки идиоти, искомплексирани, ве презираат и ред други работи кои овде ги кажавте по темиве, зашто бе ондак 90% од провинциската младина овде идете, овде учите, студирате, па потоа нашите работни места ги фаќате, па тука се жените, се мажите и засекогаш сидрото го закотвувате во Скопје...? Зашто? Ете ви факултетти имате по другине градови (државни и тоа)..Ем помал трошок за вас, ем дома сте, ем во почиста средина итн...?
Ова објаснете ми го ако може...
Како јас сега да речеме да отидам во Струмица или Битола (според мене се супер градови тоа) и ем да се вработам таму и да бркам и фатам некој згоден битолчанец, ем да ви серам за градот и за сограѓаните таму ваши како што вие правите овде во Скопје...?

Но, во Скопје има луѓе кои што размислуваат малко пошироко. Тие немаат никаков проблем со луѓето од другите градови. Велат дека сељачизмот на сите кои што се наоаѓаат во Скопје е најважниот проблем - тоа е нешто што ни го руши и расипува градот. И јас се согласувам токму со тоа.

Коментарот на Тијана од Скопје оди во таа насока:

„Затоа што никој никому не смее да одредува со што тој ќе се занимава.
Скопјанка сум и јас, и немам никаков проблем со „провинцијалците“. Имам проблем со сељачизмот, често изразен во луѓе од внатрешноста. Не е тоа едно исто.
И не би рекла дека баш сакаат скопјани да бидат. Би рекла дека сакаат подобар живот од тој што го имаат дома. Што е добро, значи дека се амбициозни.“