Скопјани си ги наоѓаат своите возила без гуми и бандажи

Крадци удрија по завеани и оставени возила на улиците во Скопје. Неколку автомобили кои поради мали сообраќајни несреќи, лизгање или завеани од снегот биле оставени на Скопје, во текот на ноќта биле мета на крадци кои ги оставиле без делови и опрема. Крадците ваделе гуми, бандажи, радија и дополнителна опрема.

Но, гумите и бандажите се интересни за крадците не само на улиците во Скопје, туку и на низ гаражите и по паркинзите. Секојдневно на социјалните мрежи кружат фотографии на кои се гледаат возилата без четири бандажи. Оваа појава е поактуелна особено во зимскиот период кога цената на зимските гуми достигнува повисока вредност.

Од полицијата официјално не соопштуваат колку вакви случаи до сега се пријаврни, но неофицијално коментираат дека во текот на зимскиот период се зачестени ваквите кражби. Граѓаните од Ѓорче Петров, Карпош 2 и Ново Лисиче најчесто се жалат на вакви проблеми, неофицијално додаваат од таму.