Во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ вечерва се одржува авто-кино.
За таа цел, скопјани во огромен број се собраа на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“ каде уживаат гледајќи го филмот „Последниот Македонец-патот до истребување“.
Лидерот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски денес истакна дека овој филм го одбрале за да се направи уникатен настан, потенцирајќи дека како Униија на млади сили сакаат да се грижат за културното наследство, како и за културата на Република Македонија.
Проекцијата започна во 20:30, а влезот е бесплатен.