Што гореше вчера во околината на Тетово?

Во текот на двата дена од викендот во саботата и неделата на повеќе места во околината на Тетово беше забележано како се издигнува чад. Најмногу можеше да се почувствува на наплатната рампа Тетово каде буквално не се дишеше од чад.

Она што најмногу зачудува е што немаше официјално известување од надлежните што е причината за појавата на повеќе пожари во околината на Тетово кои лесно се забележуваа од автопатот Гостивар- Тетово. Како што известија повеќе очевидци покрај автопатот можело да се забележи како гори сува трева, најверојатно намерно запалена од земјоделците кои ги обработуваат нивните. Иако ова е строго забрането сепак тоа во Македонија е пракса посебно кај земјоделците во пресрет на новата сеидба каде се верува дека огнот ќе ги уништи сите штетници кои се наоѓаат на нивите. Но нечесто се случува тој да се прошири и навидум добрата намера да прерасне во неконтролиран пожар кој може да проголта десетици хектари нискостеблеста шума.

Она што зачудува е што од фотографиите можеше да се забележи чад дури и во најодалечените села кои се наоѓаат во околината на Тетово. Дали и таму се одлучиле да ги запалат своите ниви останува непознато но она што загрижува е ваквата појава на палење кое може да предизвика пожар од несогледливи последици.