Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на денешната прес-конференција во Владата, порача дека Скопје не може да ја спречува гасификацијата на останатите градови во Македонија.
Скопје не може и не смее да биде жртва на овој процес. Заради тоа, во фазата на разговори и преговори со Владата на Република Македонија, јас како градоначалник обезбедив главниот град да добие:
- 43 милиони денари за повторно пошумување на Водно со средства обезбедени од МЕР, како директна законска компензација за уништеното зеленило;
- Пошумување на соголените падини на Скопска Црна Гора со средства обезбедени од Владата на РМ, со што директно се влијае на спречување на поплави како оние во Стајковци и околината;
- Владина поддршка за проектите за зелени коридори по должината на реките Лепенец и Серава;
- 1 милион евра за градско зеленило обезбедени со пренамена на средства од Министерството за животна средина и просторно планирање;
- Носење на закони за заштита на парк-шумата „Водно“ и на Матка во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање;
- Приклучување на пет големи згради на јавни институции на гасификациската/топлификациската мрежа на градот и нивно елиминирање од листата на загадувачи.