Сестрите Бонавентура уште еднаш завршија работа (ВИДЕО)

По синоќешниот пораз на Варар на финалето на Лигата на шампионките, многумина ги осудуваа судиите, сестрите Бонавентура.

Уште пред почетокот на турнирот сите беа скептични за тоа дека сестрите од Франција ќе треба да му судат на Вардар во евентуалното финале. Искуството на Вардар со овој судиски пар е благо кажано катастрофално.

На почетокот на 59. минута кога Вардар беа за еден гол во предност, сестрите без размислување пресудија седмерец за Ѓер. Немаше време, унгарките беа во незавидна ситуација, а евентуална грешка значеше губење на титулата и натпреварот.

Бонавентура покажа на линијата од седум метри а Ѓер го изедначи резултатот. Секоја година иста песна. Погледнете ја ситуацијата и пресудете дали има пенал: