РФМ на средба со женската сениорска репрезентација, по цели 12 години успеавме да се пласираме на ЕП преку квалификации

Раководството на Ракометната федерација на Македонија, денес оствари средба со сениорките и со стручниот штаб на женскиот сениорски национален тим. Причината за оваа средба е успехот кој го постигнаа нашите ракометарки со пласманот на Европското првенство во ракомет за жени кое ќе се одржи Австрија/Унгарија/Швајцарија во периодот 28.11-15.12.2024 година.

„Претседателот Мукаетов се заблагодари на ракометарките и на стручниот штаб за севкупното залагање и придонес за пласманот, напоменувајќи дека во овој квалификациски циклус се отиде чекор напред, покажаа дека вредат и местото им е учество на завршниот континентален турнир. Имајќи предвид дека женската ракометна репрезентација успеа да се пласира на ЕП преку квалификации по цели 12 години, УО на РФМ претходно донесе одлука за пласманот на ЕП женската национална селекција да добие награда во износ од 2 милиони денари“ се вели во објавата.

Инаку за Макдонија ова е седмо Еврпско првенсто и второ последователно откако откако во 2022 година Скопје беше домаќин на Европското првенство во ракомет за жени. Извлекувањето на групите ќе се одржи на 18-ти април во Виена во 18 часот.

Последниот натпревар од квалификацискиот циклус со селекцијата на Литванија, ќе се одигра на 7 април (недела) од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски" , а влезот во салата е слободен. Од РФМ ги повкуваат љубителите на ракометот да им дадат поддршка на ракометарките и со нив заедно да се прослави пласманот на ЕП 2024 година.