Се реконструира улицата „Славејко Арсов“ на Водно

Општина Центар врз основа на воспоставената меѓуопштинска соработка со Град Скопје, започнува со реконструкција (рехабилитација) на улица „Славејко Арсов“ (со краци) и улица ,,Столтенбергова”.

- На овој потег на улицата „Славејко Арсов“ ќе биде поставен нов асфалт со должина од 5.800 м2, и нови рабници со вкупна должина од 250 метри. Заедно со поставувањето на новиот асфалт долж овој потег на улицата, ќе бидат нивелирани и 38 шахти, истакна Герасимовски.

Општина Центар во следниот период ќе започне со реконструкција и на улицата „Столтенбергова“.

- Општина Центар силно вложува во инвестиции во инфраструктурата со цел да се зголеми безбедноста на пешаците и возачите, но и да се нормализира одвивањето на сообраќајот, велат од општината.