Се поставуваат столпчиња кај Силбо, се решава голем проблем: Твитер-заедницата се прашува дали ќе потраат

Кај познатата пекарница во Дебар Маало, која е блиску до булеварот Партизански одреди, на дел од улицата Костурски херои се поставуваат столпчиња. 

Тие би требало да спречат непрописно паркирање, па дури и за оние кои само влегуваат да купат во пекарницата. Сепак, се работи за дел од градот каде сообраќајниот хаос е секојдневна слика. 

Мислењата околу овој потег се поделени, а ги има и оние кои мислат дека за кратко време насилно ќе бидат искорнати столпчињата и луѓето ќе продолжат да се однесуваат како и досега.