Се намалува бројот на доктори на науки, магистри и специјалисти

Државниот завод за статистика објави дека со титулата доктор на науки се стекнале 174 лица што е намалување за 11.7 отсто во споредба со 2022 година. Над половината, 91 или 52,3 проценти, од вкупниот број на тие што докторирале минатата година се жени.

Според овој извештај најголем број докторирале ( 22.4 отсто) во областите бизнис, администрација и право, 20,7 отсто во здравство и социјална заштита, во  областа на општествените науки, новинарството и информирањето  докторирале 13,8 отсто, во уметностаи хуманистичките науки 12,1, а останатите области се со помал процент на застапеност.

Најголемиот процент (21,2) од вкупниот број лица што докторирале ја вршат својата професија вообразованието.

Според податоците на Државниот завод за статистика, звање магистер на науки и специјалист минатата 2023 година стекнале вкупно 1828 лица, што е помалку за 2,9 проценти во споредба со претходната 2022 година. Магистри лани станале 1624 или 89 проценти, а 204 или 11 проценти се специјалисти.   Од вкупниот број, жени се 59,8 проценти.

Најголем број од магистерските трудови, 624 или 38,4 проценти, се од областа на бизнисот, администрацијата и правото, 21,6 проценти се од областа на инженерството, производството и градежништвото, по што следуваат општествените науки со 11,9 отсто. Останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност.