Сара Мејс и „Биби и Боби“ денеска ќе ги забавуваат аеродромци

Денеска зад Трговскиот Центар Капитол во Аеродром, продолжува хуманитарниот базар-фест организиран од Општина Аеродром. 

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, заедно со училиштата и градинките од Општина Аеродром ја продолжуваме традицијата на организирање хуманитарни и забавни настани. Под мототот „Подари среќа“ денеска настапуваат Сара Мејс, Фиц и Студени нозе, Ди Џеј Тодороф, но и детскиот фестивал ,,Поточиња”,  новогодишна претстава со Дедо Мраз, танцови настапи на Aqua Dance и Break a leg и настап на Светот на Биби, информираа од општината. 

На хуманитарниот настан, посетителите ќе можат да купат новогодишни честитки и рачни изработки на децата од градинките и училиштата од прво до петто одделение, а средствата што ќе бидат собрани од акцијата ќе бидат донирани за помош на семејствата од социјално-ранливите категории во Општина Аеродром.

-Ги повикуваме сите граѓани да го посетат базарот, да се израдуваат себеси и најблиските со уникатни подароци, а на тој начин да помогнат и да подарат среќа и насмевка на оние на кои им е најпотребно, велат надлежните.