Се реконструираше дел од патот од центарот на село Волково кон село Кучково до гробиштата.
Овој дел од трасата беше видно оштетен од неодамнешното невреме.
Со крпењето на патот ќе се затворат и опасните ударни дупки на ова делница кои претставуваа опасност за учесниците во сообраќајот, информираат од општината Ѓорче Петров.