Реакција на „Водовод“ на соопштението на СУТКОЗ

Согласно измените  во  ЗАКОН ЗА ПРИВАТНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, правното лице да добие дозвола за користење оружје чл. 14 став 4 потребно е во систематизацијата  да  е предвидено работно место, кое ќе содржи посебен дел со опис и попис на работите и работните задачи и овластувањата на вработените, кои ги вршат работите на приватно обезбедување Цитираме:

Член 14

Дозвола за обезбедување за сопствени потреби од членот 12 став (1) точка 2 од овој закон се издава на правно лице, ако:

4) поседува акт за систематизација на работни места на правното лице, кој содржи посебен дел со опис и попис на работите и работните задачи и овластувањата на вработените кои ги вршат работите на приватно обезбедување за сопствени потреби, за секое работно место.

Во  новата систематизација на ЈП Водовод и канализација – Скопје (која е во фаза на усвојување ) за работнто место ОПЕРАТОР НА ПУМПЕНИ СТАНИЦИ  на кои им се повлече оружјето (кое патем беше старо и неупотребливо) не е утврдено да поседуваат и корисат оружје, од причина што и нема потреба бидејки нивнта работа е САМО  СЕРВИСНО ОДРЖУВАЊЕ на пумпените станици, а не и обезбедување .

За вршење на таа дејност обезбедување на сите објекти на ЈП Водовод и канализација- Скопје задолжена е чуварска служба од вкупно 96 чувари – обезбедени со лиценци и современо оружје, и за истите согласно ЗАКОН ЗА ПРИВАТНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ во систематизацијата  е предвидено работно место  ЧУВАР –  кое согласно Законот содржи посебен дел со опис и попис на работите и работните задачи и овластувањата на вработените кои ги вршат работите на приватно обезбедување. Работното место оператор на пумпена станица ни во старата ни во новата систематизација не содржеше посебен дел со опис и попис на работите и работните задачи и овластувањата на вработените да вршат работите на приватно обезбедување, како што е обврската согласно ЗАКОН ЗА ПРИВАТНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, па следствено на тоа и оружјето беше повлечено – повторно нагласуваме дека повлеченото оружје беше неупотребливо. 

Јасни се интенциите, меѓутоа за овие лаги, ќе следи превземање на сите законски постапки. Со Вашите намерно неточни информации, се прави обид да се направи штета на нашето реномирано претпријатие, посебно свесно може да се предизвика вознемирување и не безбеднoст кај граѓаните, а за истото кривично се одговара.