„Едно село како Слупчане ни поставува услови, а не па Бугарија“: Твитер реакции за струјата

Селото Слупчане долго време не ѝ дозволува на ЕВН да влезе во струјата за да ја обнови мрежата и жителите не си ги плаќаат долговите.

Додека траат преговорите меѓу компанијата и жителите на селото, министерот за економија Крешник Бектеши ги „запали“ социјалните мрежи откако за неплаќачите кажа дека биле чесни домаќини.

- Абе нас едно селце како Слупчани ни поставува услови за тоа дали да плаќаат струја, а не па Бугарија немало веќе услови да поставува, вели твитерџија.

- Слупчане го отвори првото поглавје од преговорите со ЕВН, реагира друг корисник на Твитер.

- Вештачката интелигенција би прегорела ако и побараш да ти објасни за Слупчане, реагира друг граѓанин.