Фуркан Салиу кон адвокатот Митровски: Носат милиони од странство, граѓаните на Слупчане се многу полојални од тебе бе, шефе!

Новинарот Фуркан Салиу го прозва адвокатот Јанаки Митровски кој го нарече племенско однесувањето на Слупчанци, по инцидентите со ЕВН. 

- Адвокатот кој бара амнестија за насилниците кои на 27 април влегоа во најбитната, највисоката институција во една парламентарна република ги нарекува племе граѓаните кои милиони носат секоја година од странство. Па граѓаните на Слупчане се многу полојални од тебе бе, шефе. Ти сигурно скенираш и фискални за да земеш од државата некој денар и од „Мој ддв“. Ти никогаш не си стапнал во Слупчане, пази ако некогаш отидеш затоа што можеш да се изгубиш. Иначе да, Слупчане е дел од територијата на оваа држава затоа што се заборавени 30 години па можеби ви текна сега, порача Салиу. 

Реакцијата следи откако познатиот адвокат се огласи со став на својот фејсбук профил за условите кои ги поставуваат во Слупчане.