Расчистиени три разбојништва и една разбојничка кражба, поднесени кривични пријави против четири лица

СВР Скопје - ЕВР Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против E.С. и Ј.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „разбојништво". Пријавените ги сториле делата на 26.01., 13.02. и 01.03.24 во продавници на територија на Аеродром каде откако им се заканувале на вработените ги одземале парите од дневните промети.

СВР Скопје - ЕВР Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против И.Ш.и Ј.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба" казниво по член 238 од Кривичниот законик. На 27.02 2024 во круг на приватна фирма на подрачје на Драчево, пријавените одзеле предмети, а откако биле забележани од две лица, физички нападнале едно од нив, по што со нивното возило удриле во возилото на лицата.