Расчистени 10 кривични дела, приведен крадец ги признал кражбите

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Радовиш со помош на колегите од Охрид, лишиле од слобода лице осомничено за тешки кривични дела.

- На 28.09.2023 во Полициската станица Радовиш е задржан С.Р.(21) од Радовиш, кој бил лишен од слобода на подрачје на Охрид, по барање и телеграма на Полициската станица Радовиш. Тој се сомничи дека во текот на 2023 година извршил повеќе кривични дела на подрачјето на Радовиш. Во службениот разговор во полициска станица, тој признал дека извршил девет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“. За преземените мерки е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случаите против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.