Радијаторите мраз, а цела година си ќешираме редовно сметки - Коровешовска за парното во Аеродром

Пред два дена стартуваше грејната сезона во Скопје, но се чини, не секаде. Дел од жителите на Скопје алармираат на проблеми со снабдувањето со топлина во нивните домови. 

Новинарката Искра Коровешовска е една од оние кои „го кренаа“ гласот и на социјалните мрежи. Таа вели дека нема парно во станот во кој живее во Аеродром, иако уредно плаќа цела година. 

 - Ајде и тука јавно да ги повикам: "ЕСМ снабдување со топлина", нели грејна сезона почна?! М?! Или па да не е април, а јас не знам...

Вчера пријавив дека радијаторите во зградата каде што сум јас во Аеродром се мраз. По неколку часа ми се јави со одговор снимена операторка и ми вика "дефектот се санирал". Нити каков дефект, нити кога ќе се среди, ништо. На нивниот сајт за дефекти улицава, односно зградава ЈА НЕМА. Денеска пак пријавив, со надеж дека пак ќе си "зборнеме" со "операторкава". Битно цела година си ќешираме секој месец редовно сметки.

Инаку 12та година сум во зградава, ова никогаш, никогаш не се случило. А пола од станариве во моментот се со бебенца дома...- напиша Коровешовска на Фејсбук.