Поскапо парно, поскапа струја - Среќна Нова година!

Регулаторната комисија за енергетика вчера соопшти една, денес друга „празнична честитка“, коментираат граѓаните на социјалните мрежи. 

Вчера објави за поскапување на струјата за 9.48% од јануари, и укинување на дневната евтина тарифа од 14-16 часот, а денеска соопшти дека поскапува и парното греење за 14,05%  за сите корисници во Градот Скопје.

Социјалните мрежи вријат од коментари на револт.

-Очигледно Новата година, ќе ја дочекаме со нови поскапувања на сметките и храната. Ќе преживуваме, вели еден граѓанин. 

-На нас што редовно скенираме фискални покачувањето на цената на електричната енергија два пати годинава (12% во јуни + 10% денес), а сега и укинувањето на дневната евтина тарифа, ич ништо не ни менува, саркастично коментира друг граѓанин. 

-Во Германија за 75м2 стан, плаќаме 60€ парно и топла вода и 55€ струја. Зборам за парно што не е исклучено од крај на Септември до средина на Април и буфта по цели денови кога сме Home Office. Муабетот ми е, зошто уште живеете во МК?, гласи еден твитер коментар.