Протест на луѓе од Бардовци против градење прифатен центар за странци

Загрижени за својата безбедност поради градењето на прифатен центар за странци, жителите на Бардовци и денеска излегоа на протест, кој започна во близина на Арена „Борис Трајковски“, а со поворка ќе заврши пред Владата на „Илинденска“.

На протестот, кој  е предвидено да трае до 19 часот, едногласно порачуваат: СТОП за градење на Прифатен центар за странци во Бардовци!

Тие бараат одговори од Владата, локалната самоуправа и Министерството за транспорт и врски, што точно ќе се гради на големата парцела. Иако од власта тврдат дека странците би се задржувале во тој центар кратко, сепак бардовчани тврдат дека имаат информации дека тоа не е дел од планот и дека овие лица ќе останат долго време во нивната населба. 

Поради тоа, тие се загрижени дека нивната безбедност е доведена во прашање.