Проект со зеленило против загадувањето во општина Илинден

Над 1.000 садници ќе бидат засадени на 20 локации и површина од 60.000 метри квадратни во општина Илинден, во рамки на проектот „Со зеленило против загадувањето“.

Како што соопшти општина Илинден, досега е извршено уредување и озеленување на поголемиот дел од предвидените локации на површина од 48.000 метри квадратни, при што се засадени околу 600 листопадни и зимзелени садници.

Со проектот ќе бидат опфатени јавните површини во урбаниот дел на општина Илинден, односно ќе биде озеленет просторот околу пешачко-велосипедските патеки, општински улици и патишта, домовите на култура, училишните дворови, детската градинка, спортските терени и останати јавни површини.

Општина Илинден ги повикува да се вклучат компаниите што подлежат на А и Б интегрирана еколошка дозвола, пред се поради исполнување на законските обврски и обврските согласно издадените дозволи и елаборати за животна средина.