60 денари за еден час паркинг во кал – Општина Центар ќе наплаќа за паркирање во близина на ПС „Пролет“

60 денари од час – толку чини паркирањето во кал за граѓаните кои доаѓаат во полициската станица „Пролет“ да извадат и да се сликаат за личен документ.

До неодамна бесплатен, од пред неколку денови на оваа локација која се наоѓа во непосредна близина на полициската станица „Пролет“ со одлука на јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ беше воведено зонско паркирање и оваа локација беше пренаменета во платен паркинг.  

Граѓаните на социјалните мрежи реагираат дека станува збор за незаконска одлука, гневни за фактот дека јавно претпријатие наплаќа паркинг за локација која не е соодветно наменета и уредена за таа цел. Тие бараат реакција од Град Скопје и Министерството за внатрешни работи. 

Скопје Инфо побара став од општинското јавно претпријатие, за причините за оваа одлука и дали за истата е спроведена согласност од Министерството за внатрешни работи. Од таму велат дека тие не стопанисуваат со конкретната локација и дека таблата не е поставена од нивна страна.