Приведен брачен пар во Скопје, мажот ја нападнал сосетката, додека сопругата била агресивна кон полицајците

Вистина драма се одвивала во скопска Кисела Вода денес во 1:30 часот по полноќ каде е приведен брачен пар. Мажот се сомничи дека ја нападнал сосетката додека неговата сопруга агресивно се однесувала кон полицајците кои пристигнале на местото. Против нив ќе биде поднесен соодветна пријава.

„Денеска во 01.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги привеле Б.М.(47) и С.М.(35), двајцата од Скопје. Б.М. се сомничи дека физички ја нападнал сосетката М.П.Б.(35) од Скопје, а потоа неговата сопруга С.М. агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“.