Предлог ручек: Печена тава со тиквички и три вида сирење

Овој рецепт за „печена тава со тиквички“ е добредојден за секоја домаќинка бидејќи е лесен и едноставен за подготовка, а во исто време вкусен. 

Станува збор за своевидна проја од тиквички. 

За овој специјалитет потребни ви се: 

500 грама тиквички

1 чешне лук

1 лажичка маслиново масло

1 кромитка

3 јајца

150 грама фета сирење

половина чашка рендан пармезан 

100-150 грама моцарела

сол, црн пипер

Начин на подготовка: 

Кромидот исечете го на кругови и пропржете го на тава со маслиново масло 5 минути. Додадете ги во тавата тиквичките насечкани на кругови, ситно исечканиот лук, додадете сол и мелен пипер по желба. Пропржете околу 15 минути, на средна температура. 

Во длабок сад изматете ги јајцата додадете го фета сирењето и пармезанот и промешајте. Потоа спојте ги двете смеси, таа од тавата заедно со смесата со јајца. 

Загрејте ја рерната на 200 степени. 

Во сад за готвење ставете дел од приготвената смеса, па посипете моцарела, па додадете ја втората половина од смесата. Посипете со рендан пармезан најгоре. 

Печете околу 30 минути, додека да зарумени. 

Пријатен апетит!