Поставени нови столбчиња на местото на искршените

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ во текот на изминатава недела ги санираа оштетените заштитни столбчиња, а поставија и нови на дел од градските сообраќајници.

На булеварот Свети Климент Охридски кај пазарчето „Буњаковец“, се санирани 33 заштитни столбчиња, кои беа оштетени од несовесен возач, а потоа повторно остранети од вандали и поставени нови.

Нови заштитни столбчиња се поставени и на булеварот Свети Климент Охридски кај фурна„Силбо“, на улицата 11ти Октомври, бул.ВМРО кај поштата, на бул.Партизански Одреди и на крстосницата со улица Васил Главинов.
И во текот на наредните денови продолжува поставувањето на заштитните столпчиња по должината на улиците и булеварите со цел да да се заштитат пешаците и велосипедистите и да се овозможи побезбедно движење за сите учесници во сообраќајот.