Порака за сите кои некогаш биле разочарани или напуштени

Ќе има луѓе во вашиот живот кои ќе ве разочараат или напуштат и покрај тоа што сте ја вложиле целата душа во нив и сте направиле многу за нив. Таквите луѓе не се во состојба да ги ценат вашите напори. Всушност, вие не сте губитник, бидејќи единствените што губат се тие. Во таквите моменти, се чини дека губите некого или нешто важно, но во реалноста добивате шанса да најдете некој кој повеќе вреди за вашето време и труд.

Иако вашите намери биле чисти, не можете да натерате човек да ја види ситуацијата со вашите очи. Но, можете да го оставите и да продолжите со вашиот живот. Со текот на времето, ќе најдете некој кој ќе цени сè што правите, а раните што ги оставаат другите луѓе повеќе нема да бидат толку болни. Никој нема право да ви го крши срцето. Никој нема право да си игра со вас или да ве манипулира. Вие сте единствените кои можете сами да си ги носите одлуките, а оние кои сакаат да ве контролираат или манипулираат не заслужуваат да бидат во ваша близина. Оние кои си играат со вашите емоции не заслужуваат да бидат дел од вашиот живот.

Престанете да живеете за другите луѓе, почнете да живеете за себе. Оние кои ве гледаат такви какви што сте и и го ценат она што го правите за нив, сигурно ќе се погрижат да ја почувствувате нивната љубов и поддршка. Ќе ве потсети на вашата важност и ќе бидете сигурни дека можете да продолжите во вистинската насока. Овие луѓе нема да ве повредат и нема да ви стават непотребен товар на рамениците.

А оние што заминале еден ден ќе сфатат колку им било добро што биле во ваша близина. Но, вие ќе бидете емотивно зрели, ќе знаете какви врски всушност заслужувате. Ќе ги најдете вистинските луѓе кои за возврат ви даваат онолку колку што и вие им давате. Ќе ве молат за втора шанса, но залудно.

Еден ден ќе сфатат дека изгубиле, но вие ќе знаете дека сте научиле лекција. И ќе останете посебна и чиста душа која прави сè за оние што ги сака. Вашата душата е за сакање и грижа, но тоа може да бидат оние луѓе кои навистина ве чувствуваат и за возврат ви ги даваат емоциите што им ги давате.