Кога престануваме да гледаме во телефонот, баш тогаш ја добиваме пораката што ја чекаме...

Години подоцна, конечно ја сфатив суштината на целосно затворање на животно поглавје. Тој крај по кој копнеев со години. Конечно го добив и излезе дека е многу поедноставен отколку што го замислував. Дојде во форма на трпение додека гледав како сѐ што некогаш сум сакала ми се случува пред очите и конечно добив одговори на сите горки прашања кои ги имав. Години подоцна, крајот дојде во облик на едноставно дозволување на работите да се одвиваат и луѓето самите да си ги увидат сопствените грешки.

Години подоцна, вистинскиот крај едноставно дојде со тоа што се тргнав од сѐ што ме скрши и си дозволив да се излечам... Затоа што вистинската суштина на завршетоците е во нас, а не во она што го добиваме или слушаме од другите. Вистинскиот крај е помирување со незавршените реченици и неодговорените прашања и луѓето кои нѐ повредиле. 

Вистинскиот крај доаѓа кога не го бараме. Во моментот кога веќе не го ни очекуваме, конечно го добиваме тоа извинување кое толку долго сме го чекале и кое ни ја потврдува нашата вредност. Кога престануваме да гледаме во телефонот, баш тогаш ја добиваме таа порака. Луѓето се враќаат да ја исправат својата грешка дури тогаш кога животот ќе ни стане сосема убав и без нив.

Вистинската суштина на крајот не е во тоа да ги наведеме луѓето да сфатат каде згрешиле, туку во тоа да научиме да живееме, а да не го добиеме тој крај или да не разбираме зошто го направиле она што го направиле. Поентата повеќе е во тоа да одделиме кои сме ние од тоа што прават луѓето. 

Поентата е да сфатиме дека крајот е нешто што самите можеме да го пронајдеме, без оглед на тоа дали другите луѓе ќе ни го овозможат тоа, затоа што најдобриот крај секогаш е оној кој го добиваме откако ќе ги излечиме раните и продолжиме понатаму. Најдобриот крај секогаш ќе биде оној кој не нѐ дефинира. Оној кој поттекнува од нашата сигурност, а не од преживување. 

Години подоцна, конечно ја сфатив суштината на крајот. 

После какво било кршење на срцето, трагедии, после каква било загуба, нашиот крај ќе нѐ пронајде. Во начините на кои одбираме да се издигнеме, одново да се обидеме и да почнеме од нула, затоа што ако тој крај за нас е порака дека сме доволно добри или способни, тогаш тој наш крај или завршеток не ни е потребен од другите.