Полициска акција вечерва во Центар, еве што контролира полицијата!

Полициски службеници вечерва спроведуваат интензивно сообраќајни контроли на територијата на скопската општина Центар. Според информациите на Скопје Инфо, полицајците вечерва на неколку локации ќе ги проверуваат возачите дали ги почитуваат законот за безбедност на патниот сообраќај и дали користат заштитна опрема против коронавирусот.  Проверките се дел од акциските контроли на Министерството за внатрешни работи кои се спроведуваат подолг временски период. 

Според информациите на Скопје Инфо, полициските службеници вечерва се сконцентрирани на локации во близина на Градскиот парк, Дебар Маало и Капишец каде се лоцирани најголем дел од угостителските објекти. 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 386 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 33, 41 санкција за технички неисправни и нерегистрирани возила, за управување под дејство на алкохол 7 санкции, 72 мерки за непрописно паркирани возила и 70 санкции за неносење заштитна маска.  

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од МВР.