Полицаецот ќе има право да ве задржи во полициска станица додека се отрезните, нови правила во сообраќајот

Доколку полицискиот службеник при контрола во сообраќајот утврди дека сте направиле прекршок и постои можност истиот да го повторите ќе може да ви ја одземе возачката дозвола, но  тој ќе има право да ве однесе и задржи во полициска станица.  Ова го предвидуваат измените на Законот за безбедност на патиштата кои веќе се влезени во собраниска процедура.

Полицискиот службеник во случај кога ќе задржи возач во полициска станица или здравствена установа ќе повика надлежно правно лице за давање на информации и техничка помош на моторизираните учесници во сообраќајот на јавните патишта за отстранување на оштетени возила во дефект или друго правно лице надлежно за отстранување на возила, се вели во предложениот закон.

Задржувањето во полициска станица не смее да биде подолго од 12 часа, а трошоците ги покрива возачот кој го направил прекршокот, односно сопственикот на возилото.

Вчера Скопје Инфо објави дека со новите измени на законот, полицијата ќе има право да ви ја одземе возачката дозвола или возилото. За тоа во кои околности може да се случи ова прочитајте тука.