Изгласан нов ДУП во Ѓорче Петров, ќе се градат училиште, градинка, парк, детски игралишта, булевар, спортски центар, катна гаража

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски објави дека на вонредната седница на општината е излгасан ДУп-от за градска четврт СЗ 16 во централното подрачје на Ѓорче Петров. Изгласаниот ДУП се простира на делот од новиот кружен тек помеѓу Ѓорче Петров и Влае, непосредно до населбата Александрија, па се до наплатниот пункт на ЕВН непосредно пред мостот кон Даме Груев, со што се опфаќа целиот простор спроти пазарот во Ѓорче Петров.

Со овој ДУП е предвидено да се изгради: Ново основно училиште, нова детска градинка, нов парк од 10.000м2 во срцето на Ѓорче Петров, дополнителни нови 8,5 хектари зеленило надвор од градежните парцели (повеќе од предвидениот законски минимум), нови детски игралишта, нов спортски центар, ново булеварско решение, нов трговски центар, нови развојни погони, катна гаража се вели во соопштението на Стојкоски.