По 56 години целосна реконструкција на фасадата на ООУ „Панајот Гиновски“ во Бутел

По 56 години наскоро ќе почне целосна реконструкција на фасадата на ООУ „Панајот Гиновски“ во скопски Бутел. 

Инфраструктурниот зафат ќе биде во соработка со МОН.

- Општина Бутел ја изработи целосната проектна документација со која аплицираше на повикот на МОН при што се обезбедија средствата за реконструкција на фасадата. Ова е прва реконструкција на фасадата од изградбата на училиште од 1967-та година. Со ова значително ќе се подобрат услови за изведување на наставата, а во време на енергетска криза ќе се заштеди на енергија, информираше првиот човек на општина Бутел Дарко Костовски.