По 15 пациенти дневно бараат помош на психијатрија поради карантинот

Изминатите два месеци по 15-тина пациенти дневно барале помош на Психијатрија. Полицискиот час и карантинот овие граѓани предизвикале зголемена напнатост, вознемиреност, страв, несоница. Покрај пациенти кои веќе имале психијатриска дијагноза, на телефоните за психолошка подршка на Клиниката се јавувале и лица без претходни вакви состојби.

-Лицата кои досега немале никаква состојба се јавува зголемена напнатост, вознемиреност, акцентиран страв кој доведува и до клиничка анксиозност, појава на панични напади и веројатно дека во иднина ќе се развива посттрауматска симптоматологија кај одреден број на пациенти, изјави д-р Васка Митова од Клиниката за психијатрија, за Сител

Според доктор Митова причина за нарушување на психичкото здравје кај некои граѓани се премногу информации за коронавирусот.

-Има една тенденција кај народот да се фокусира само на тој мал процент на тешки состојби предизвикани од коронавирусот и тоа да ствара напнатост и вознемиреност, додаде д-р Митова.

За надминување на стравот и напнатоста од корона кризата психијатрите советуваат физичка активност, прошетки во природа или на сонце и да се комуницира со роднини или пријатели односно да се практикува физичка, а не социјална дистанца.