Пензионерите од Кисела Вода добија хуманитарни пакети

Во заедничка акција со Скопската православна епархија и отец Оливер, градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски подели пакети со хуманитарна помош на пензионерите.

- Чувството дека помагаш некому, дека си блиску до оние кои имаат потреба од нас нѐ прави поголеми личности. Утрово, во заедничка акција со Скопската православна епархија и отец Оливер поделивме пакети со хуманитарна помош на пензионерите од Кисела Вода. Соочени со енормните покачувања на цените на сите намирници, со немањето слух на власта за нивните потреби и ниските пензии со кои не можат да си ги платат ниту комуналиите и лековите, не можевме да останеме без да направиме ништо. Се надевам дека нашата помош ќе им значи и барем малку ќе им помогне. Се надевам дека и еден ден некој ќе ги слушне нивните барања и реално ќе им се излезе во пресрет.

Пензионерите се наши баби и дедовци, родители и заслужуваат да бидат третирани на подобар начин а јас, согласно моите можности ќе направам сѐ за да се променат работите, објави Ѓорѓиевски.