Пензионерите од Центар донираат за Кара

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски на социјалните мрежи објави дека пензионерите од општината се риклучиле на општинската хуманитарна акција, со цел да се помогне за лекувањето на Кара, ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар.

Тој ги повика граѓаните да дојдат во КСП Јадро, да одберат слика и да донираат за Кара

“Со денешната ликовна изложба и аукција на нивните уметнички дела и ракотворби, нашите сениори ја покажаа својата големина и хуманост.  Уште еднаш покажуваме дека сплотени можеме многу.

Апелирам до сите возрасни и млади, да ги свртиме телефонските броеви на Т-мобиле 143-135 и А1 143-464, со цел да ги собереме потребните средства што се неопходни за лекување во клиника во Барселона“ напиша Герасимовски