Герасимовски: Здружението на пензионери одбележува 70 години постоење

- “Овој значаен јубилеј во себе содржи многу вложен труд, знаење и искуство на генерации и генерации кои беа активни членови на здружението и кои делуваа во пензионерското организирање во Општина Центар. Здружението на пензионери кое брои 11.000 членови е синоним за најурбаното, најградското здружение на пензионери со традиција и култура која опстојува и денес“ напиша градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски

Тој додаде дека ќе се продолжи да се негува и да се издигне соработката на уште повисоко ниво и се надева дека во периодот што следи ќе се успее да се реализираат сите барања и потреби.