Пендаровски: Прифаќам дебата со моите противкандидати, услов е присуство на сите седум учесници

Откако во јавноста се рашири веста дека претседателскиот кандидат Стево Пендаровски одбил да присуствува на дебата организирана од телевизија Телма тој вели дека прифаќа да има политички дебати со неговите противкандидати но инсистира да бидат вклучени сите седум претседателски кандидати потврдени од Државната изборна комисија, изјави кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

„Токму затоа, прв предложив да се одржат два големи, т.н. мастер дебати, една на почетокот на кампањата и една пред првиот круг на гласање. Дебатите беше планирано да се реализираат на неутрален терен, а пренос од истите да вршат сите национални телевизии. На дебатите седумтемина кандидати ќе имаа подеднакви услови да ја презентираат својата програма за работа. Досега, во поканите кои ги добивме од медиумите за учество на ТВ дебата, немав добиено информација дека сите седум кандидати ќе бидат учесници на некоја од предвидените дебати“, изјави Пендаровски.