Пелагонија ќе добие нова фасада, еве како ќе изгледа (фото)

Во тек е реконструкцијата на зградата Пелагонија лоцирана на улицата Димитрие Чуповски, број 2.

Реновирањето на зградата почна во ноември лани и треба да трае една година, а градежните работи ги изведува фирмата "Масон инженеринг".

Според проектот, предвидена е изведба на целосно нов надворешен дел, со антички столбови на влезот на објектот.

Во финансирањето на проектот учествува и фирмата "Пановски".