„Пајакот“ за една недела кредна над 100 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 198 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

104 непрописно паркирани возила биле отстранети со помош на специјалните возила „Пајак“, додека 94 возила кои биле затекнати во резидентни зони и биле санкционирани со поставување на механичко средство „Блокатор“.

-ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар, потсетуваат надлежните.