„Пајакот“ во Центар минатата недела кренал над 100 возила

Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 241 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

- 131 непрописно паркирани возила биле отстранети со помош на специјалните возила „Пајак“, додека 110 возила кои биле затекнати во резидентни зони биле санкционирани со поставување на механичко средство „Блокатор“.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар, потестуваат надлежните.