Отворен повик за изложба на уметници од Општина Илинден

Во организација на општина Илинден на 5 декември 2018 година (среда) во 12:00 часот во Домот на култура „Илинден”, ќе биде отворена изложба на дела на уметниците од општина Илинден.

По тој повод се повикуваат сите уметници од општина Илинден, без оглед дали професионално или аматерски се занимаваат со сликарство, вајарство, копаничарство... кои сакаат со свои дела да учествуваат на изложбата, своето учество (име, презиме, контакт) да го пријават на тел. (02) 2571-703 или на E-mail: domnakultura@ilinden.gov.mk најдоцна до 3 декември, 2018 година.

За време на изложбата специјална жири комисија ќе избере две најдобри дела, за чии автори како награда следува самостојна изложба во Домот на култура „Илинден“, што ќе се реализира во наредниот период.